За разлика од мечот со Турција, Сантош за мечот со Македонија ќе ги има легендарниот Пепе и бекот на Манчестер Сити, Жоао Кансело.
Пепе не играше против Турција затоа што беше позитивен на ковид-19, синоќа доби негативен тест и ќе игра против Македонија.
Жоао Кансело беше суспендиран за дуелот со Турција, но суспензијата е минато, па и тој ќе биде во стартниот тим за мечот со Македонија.
Португалците немаат никакви проблеми со отсуства, сите повикани играчи се подготвени за утрешниот дуел.