Бразилската фудбалска легенда повторно е хоспитализиран

Пеле во лоша состојба е примен во болница

Бразилската фудбалска легенда, Пеле е примен во болница во Сао Паоло со отоци на целото тело и проблеми со срцето, тој во меѓувреме води и битка со рак. 

82-годишниот Пеле бил брзо однесен во болница од страна на својата 56-годишна сопруга Марсиа Аоки и негувателката која се грижи за него.
 
Според „ЕСПН Бразил“ докторите му дијагностицирале на Пеле срцева слабост. Тој не можел самиот да се храни, а неговото тело било со отоци.
 
Пеле се бори и со рак, но се верува дека третманот кој го користел не бил успешен. Информациите велат дека неговото тело не одговарало позитивно на хемотерапијата која ја примал.
 
Во текот на денот врз Пеле ќе бидат направени повеќе тестови со цел комплетно да се утврди неговата состојба. 
 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе