По информацијата дека е во тешка состојба

Пеле се јави од болница: Силен сум, со голема надеж и верба во Бог

Синоќа излегоа информациите дека Пеле е во тешка состојба, веќе не може да ја добива хемотерапијата, неговото тело не ја прифаќа и тој ќе остане во болница до крајот на својот живот.

Откако вестите го обиколија целиот свет, на социјалните мрежи се јави Пеле со нов пост.

„Моите пријатели, сакам да ве одржам сите смирени и позитивни. Силен сум, со голема надеж и го добивам мојот третман како и обично. Сакам да му се заблагодарам на целиот медицински персонал за сета грижа која ја добивам. Имам голема верба во Бог и секоја порака со љубов која ја добивам од сите вас низ целиот свет ме држи полн со енергија. И гледајте го Бразил на Светското првенство. Ви благодарам многу“, напиша Пеле.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pelé (@pele)

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе