Преку глава му е од случувањата на Камп Ноу

Паника во Барселона: Лео Меси ги стопирал преговорите за нов договор, сака да си замине

Новинарот Ману Карењо пренесува дека Лео Меси ги стопирал преговорите за нов договор, Аргентинецот сака да си замине од Барселона во 2021 година.

Пред неколку недели се пишуваше дека Лео Меси и Барселона се на добар пат да ја продолжат соработката, но последните информации говорат за разделба.

Како што пренесува новинарот Ману Карењо во емисијата „Ел Ларгеро“ на Кадена СЕР, на напаѓачот му е преку глава поради тоа што се посочува како главен виновник за сите лоши работи и му се препишува поголема моќ од онаа која реално ја има, односно дека носи одредени спортски одлуки.

Па напаѓачот решил да ги прекине преговорите за нов договор, и за ова ги известил најблиските играчи во соблекувалната.

Неговата идеја била да продолжи да игра се додека се чувствува физички спремен за фудбал на највиско ниво, но по последните случувања, се предомислил и сака да замине од Камп Ноу во 2021 година, односно по крајот на следната сезона кога му истекува вктуелниот договор.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе