Пандев почна да го гради спортскиот центар во Струмица (ФОТО)

Горан Пандев, македонската фудбалска ѕвезда почна да го гради спортскиот фудбалски комплекс во својата родна Струмица.

 

Центарот според идејното решение ќе содржи зграда со сместувачки апартмани, базени, теретани, сауни и фитнес центар. Комплексот ќе има и фудбалски терен на вештачка трева со трибини со 400 седишта.

Идејното решение на проектот е направено според италијанските стандарди за изградба на вакви фудбалски комплекси кои треба да служат за подготвителниот период на фудбалерите, како и за одигрување на официјални фудбалски натпревари.

Пандев деновиве е Струмица и секојдневно ги следи активностите околу почетокот на изградбата на овој спортски објект, кој ќе биде веднаш до спортската сала „Парк“ во Струмица, јави порталот Струмицаденес.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе