Наполи

Пандев: Наполи го игра најдобриот фудбал во Европа, се надевам дека ќе освојат трофеј

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев е полн со пофалби за Наполи кој игра импресивно и во Серија А и во Лигата на шампионите во досегашниот дел од сезоната. 

Наполи е прв и во Серија А, но има најдобар скор и во Лигата на шампионите. Синоќа блескаа на Амстердам Арената каде го победија Ајакс со 6-1.
 
Пандев е полн со пофалби за Наполитанците и посакува да освојат трофеј.
 
„Наполи во моментов го игра најдобриот фудбал во Европа. Не се сомневам во тоа и сѐ ова што го прават е тотално заслужено. Наполи е исклучително силен и тоа што го покажуваат е на највисоко ниво. Во Европа и во Лигата на шампионите сите играат на врвно ниво, а Наполи има исклучителен квалитет, многу технички потковани играчи во напад, силен среден ред, посебно ми се допаѓа дефанзивниот тандем. Јас само се надевам дека Наполи ќе донесе дома трофеј, многу им значи тоа на луѓето во градот“, вели Пандев.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе