Лице со психички проблеми во четвртокот изврши напад со нож во супермаркет на „Карфур“ во Милано, уби едно лице и рани уште четири други, од кои две се во сериозна состојба.
Фудбалерот на Монца, Пабло Мари беше една од жртвите, тој бил прободен во грб, но за среќа поминал добро и синоќа успешено беше опериран.
„Доколку ги немал тие цврсти мускули, убодот можел да биде многу полош... можел да умре“ – рече генералниот извршен директор на Монца, Адриано Галијани откако го посети дефанзивецот во болница.
„Имал среќа што е спортист со цврсти мускули, ножот не направил толку голема штета“.
„Ќе му требаат два месеци да почне да тренира, но за жал ќе му треба многу повеќе за да се врати на терените, би рекол најмалку три месеци“.