Агентот беше главниот мотор зад зделката

Откриено колку милиони провизија земал „пираната“ Пини Захави за трансферот на Левандовски во Баерн

Агентот Пини Захави беше главниот мотор зад трансферот на Роберт Левандовски во Барселона, бизнисменот од Израел за својот труд добил 10 милиони евра провизија.

По долги преговори и натегања, Роберт Левандовски минатиот месец се пресели на Камп Ноу во зделка вредна 45+5 милиони евра.

Агентот Пини Захави беше главниот мотор зад трансферот, па за својот труд, бизнисменот од Израел убаво си наплатил, „Атлетик“ пренесе дека му била исплатена провозија од 10 милиони евра.

Пред две години, кога Баерн Минхен преговараше со Давид Алаба за продолжување на соработката, се пишуваше дека Пини Захави побарал провизија од 20 милиони евра за дефанзивецот да остане на „Алианц Арена“.

„Баварците“ одбија да платат ваква сума а Ули Хенес јавно го прозва агентот и го нарече алчна пирана.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе