Бројките се немилосрдни за англискиот дефанзивец

Откако Тен Хаг го седна Мегваер на клупата, на Манчестер јунајтед му тргна

Статистиката вели дека одбраната на Манчестер јунајтед со Варан и Мартинез делува исклучително сигурно, а тоа допринесе тимот да ја промени формата и да почне да победува. 

Хари Мегваер одамна добиваше критики од јавноста, но ниту Солшер, ниту Рангник не го седнаа на клупа, ниту му ја земаа капитенската лента. На почетокот од оваа сезона истиот статус го имаше и кај Тен Хаг, но тоа не траеше долго.
 
Откако Тен Хаг реши да го седне Мегваер на клупата, работите на теренот за Манчестер јунајтед се променија, статистиката е немилосрдна за англискиот дефанзивец.
 
Манчестер јунајтед оваа сезона одигра пет натпревари, два со Мегваер и три без него.
 
Кога Мегваер беше во тимот Манчестер јунајтед загуби двапати и прими дури шест голови, два од Брајтон на Олд Трафорд и четири на гостувањето кај Брентфорд.
 
Кога тандем во дефанзивата беа Варан и Мартинез, Манчестер јунајтед забележа три победи од исто толку натпревари и прими само еден гол и тоа од Ливерпул.
 
 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе