Наполи игра фантастичен фудбал оваа сезона, а главен играч во тимот е Квича Кварцхелија, фудбалерот кој тивко пристигна, но сега сите зборуваат за него.
„Навистина сум среќен за него, тој заслужува се што добива во моментов. Само што почна, уште ништо не сте виделе од него. Верувам дека тој има квалитет да ни ја направи оваа сезона од соништата, има голема самодоверба и ние сме тука да му помогнеме и да му дадеме поддршка. Може да видите дека тој е одлучувачки фактор за нас“, вели неговиот соиграч Виктор Осимен.
Потоа беше прашан дали тоа значи дека Кварацхелија е уште подобар на тренинзите.
Осимен одговори: „Мислам дека уште ништо не сте виделе...“.
Кварцхелија поради своите импресивни партии го доби прекарот Кварадона.