Буенос Аирес

Оние кои се сликаа селфи со мртвото тело на Марадона, скапо ќе платат

Тројца луѓе се сликаа селфи со мртвото тело на Марадона, добија откази од погребалното претпријатие каде што биле вработени, адвокатот на Диего вели дека ќе ги тужат и скапо ќе платат, а едниот од нив призна дека добиваат и закани за убиство. 

Тројца работници од погребалното претпријатие се отпуштени од работа затоа што се сликале со мртвото тело на Марадона кратко пред да биде погребан и ги споделиле фотографиите на социјалните мрежи.
 
Едниот од нив е Клаудио Фернандез заедно со својот син Исмаел, а третиот е Клаудио Медина.
 
Клаудио за Радио Диез го објаснува настанот, потврди дека се отпуштени од работа и вели дека добива смртни закани.
 
„Тоа беше инстиктивно. Наеднаш ја кренав главата и мојот син го направи тоа како што би го направило секое дете на 18 години. Ме знаат кој сум, луѓето од соседството. Тие ми велат дека ќе не убијат, дека ќе ни ги скршат главите“, се правдаше тој во изјава за радио станицата.
 
Адвокатот на Марадона, Матиа Морла ги предупреди тројцата дека скапо ќе платат за тоа што го направиле.
 
„Тие се виновни за срамна и непристојна постапка. Скапо ќе платат“, изјави адвокатот на Марадона.
 
 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе