СП 2022

Онана нема да се предомисли, го фаќа авионот за дома

Голманот на камерунската репрезентација, Андре Онана и дефинитивно ќе го напушти Светското првенство, тој заминува по кавгата со селекторот, Ригоберт Сонг.

На големо изненадување на сите, Онана не се појави на мечот против Србија иако важи за убедливо најдобриот камерунски голман.

Излегоа информации дека се скарал со селекторот и тој не го ставил во составот за мечот против Србија.

Наводно Ригоберт Сонг барал од Онана да го промени стилот на бранење, а голманот одбил да го стори тоа, по што настанала расправија меѓу двајцата.

Онана се почувствувал навреден од целата ситуација и донел одлука да си замине од Светското првенство. Потврдено е дека тој ќе лета до Париз, а од таму ќе фати авион за Јаунде, главниот град на Камерун.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе