Рома имаше повеќе од играта, создаде повеќе шанси, но постигна само еден гол и тоа од пенал.
Уште рано во мечот беше досуден пенал за Рома поради фаул врз Заниоло, но по прегледување на снимката судијата го поништи пеналот.
Сепак во 33. минута поради игра со рака на Далберт, судијата покажа пенал за Рома кој го реализираше новото засилување Сержо Оливеира.
Во продолжението од мечот Рома промаши неколку прилики за гол, а казната можеше да стигне во 84. минута кога Жоао Педро шутираше, Руи Патрисио одбрани, по што топката заврши во пречката.
Како и да е, тимот на Мурињо заслужено победи и дојде до три важни бода во борбата за местата кои водат во Европа.