Серија А

Оливеира дебитираше со гол за победа на Рома (ВИДЕО)

Рома со 1-0 го победи Каљари, единствениот гол го постигна новото засилување на римската волчица, Сержо Оливеира од пенал. 

Рома имаше повеќе од играта, создаде повеќе шанси, но постигна само еден гол и тоа од пенал.
 
Уште рано во мечот беше досуден пенал за Рома поради фаул врз Заниоло, но по прегледување на снимката судијата го поништи пеналот.
 
Сепак во 33. минута поради игра со рака на Далберт, судијата покажа пенал за Рома кој го реализираше новото засилување Сержо Оливеира.
 
Во продолжението од мечот Рома промаши неколку прилики за гол, а казната можеше да стигне во 84. минута кога Жоао Педро шутираше, Руи Патрисио одбрани, по што топката заврши во пречката.
 
Како и да е, тимот на Мурињо заслужено победи и дојде до три важни бода во борбата за местата кои водат во Европа.
 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе