20 од 28 делагати на ОФС Кочани ја бојкотираа седницата

ОФС Кочани не избра делегати по терк на ФФМ, го бојкотираа Собранието

Општинскиот фудбалски сојуз на Кочани ѝ го сврте грбот на актуелната власт на ФФМ откако повеќето делегати ја бојкотираа седницата на собранието на која оставка си поднесе досегашниот претседател Љупчо Ѓорѓиевски.

На седницата присуствувале тројца функционери на ФФМ, потпретседателот Лазар Ракиџиев, членот на УО Димитар Џонов, како и Владимир Гашевски, но наместо да го добијат тоа што го сакаат наишле на отпор од општинските делегати.

Вкупно 20 од 28 делагати на ОФС Кочани ја бојкотираа седницата на собранието на оваа членка на ФФМ која е прва од 26. членки која им го врти грбот на актуелните фудбалски власти.

Во салата останале преостанатите осум делегати, но тоа не било доволно да се обезбеди кворум за работа. Функционерите на ФФМ се обиделе да присоберат луѓе, спортски работници од градот за да дојдат до минималниот кворум, но не успеале.

Во пресрет на Изборното Собрание на ФФМ повторно се актуелизираше и војната меѓу Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија.

АМС бара ФФМ да го усогласи статутот на федерацијата со Законот за Спорт според кој делегатитие ќе доаѓаат директно од клубовите, а не како досега преку општинските фудбалски сојузи да се штелуваат по желба на фудбалските власти.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе