Хрватот доби двојно поголема плата

Официјално: Интер реши важно прашање и го обезбеди потписот на Брозовиќ

Марсело Брозовиќ стави потпис на нов договор со Интер, Хрватот се обврза на соработка до јуни 2026 година и како што пренесуваат медиумите, во иднина ќе има двојно поголема плата и ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Марсело Брозовиќ му остана верен на Интер, интерес за Хрватот пројавија Ливерпул, Тотнем, Барселона и Реал Мадрид, но тој реши да ја продолжи авантурата во Милано.

По долги преговори, попладнево пристигна официјална потврда, Марсело Брозовиќ стави потпис на нов договор и се обврза на соработка до јуни 2026 година.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, тој во иднина ќе има двојно поголема плата и ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе