Премиерлига

Од готово вересија, Тотнем водеше со 3-0 и не победи, спектакуларен гол на Ланзини во 94. минута (ВИДЕО)

Тотнем испушти предност од 3-0 во градското дерби со Вест Хем, Мануел Ланзини со спектакуларен гол во 94. минута го комплетираше неверојатниот кам-бек на гостите во финишот од мечот.

Луд натпревар во Лондон, Тотнем испушти три гола предност против Вест Хем. „Спарси“ одлично го започнаа мечот, Сон погоди по само 45 секунди за 1-0. Хари Кејн во 8. минута зголеми на 2-0, а истиот играч во 16. минута по втор пат ја затресе мрежата на гостите за 3-0.

Се чинеше дека „чеканите“ ги чека тежок пораз, но финишот од мечот донесе неверојатен расплет.

Најпрво Хари Кејн ја погоди рамката од голот, за Балбуена во 82. минута да намали на 3-1. Потоа следуваше автогол на Санчез за 3-2 и драма во завршницата.

Герет Бејл имаше прилика да се прослави на своето деби и да ги реши дилемите околу победникот но не погоди.

Казната за ова стигна во 94. минута, кога по еден корнер, Ланзини начека една топка на врвот од шеснаесетникот и спектакуларно погоди во аголот. Хуго Лорис скокна како мачка, но само ја допре топката, која од пречката заврши во мрежата.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе