ПМФЛ

Ново разочарување за Шкендија, Шкупи ја торпедираше Победа

Шкендија уште еднаш ги разочара своите навивачи откако одигра само 0-0 на свој терен против Тиквеш, Шкупи со 6-0 победи на гостувањето кај Победа, а Работнички со 2-0 го доби скопското дерби против Македонија Ѓорче Петров. 

Шкендија врза четири натпревари по ред без победа, по поразот во минатото коло од Струга, денеска одиграа само 0-0 против Тиквеш.
 
За разлика од нив, Шкупи го држи чекорот со Струга, денеска тие со 6-0 победија на гостувањето кај Победа. Хамиди даде два гола, по еднаш погодија Трпановски, Цефас, Кевен и Алварез.
 
Работнички со голови на Рушевиќ во 26. минута и автогол на Мишевски само две минути подоцна, дојде до победа од 2-0 над Македонија Ѓорче Петров.
 
Изненадување направи фенерџијата Скопје кој со 2-1 ја победи екипата на Академија Пандев. Струмичани поведоа со гол на Митровски во 61. минута, но Скопје преку Хајдари во 71. минута и Димов во 84. дојде до целосен пресврт и победа од 2-1.
 
Синоќа Струга Трим Лум со 2-1 славеше на гостувањето кај Силекс.
 
Ова коло слободна беше екипата на Брегалница.
 
ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО
 Скопје – Академија Пандев 2-1 (0-0)
 Хајдари 71, Димов 84 – Митровски 61
 Победа – Шкупи 0-6 (0-3)
 Хамиди 7, 69, Трапановски 14, Цефас 39, Кевен 85, Алварез 89
 Шкендија – Тиквеш 0-0
 Работнички – Македонија ЃП 2-0 (2-0)
 Рушевиќ 26, Мишевски 28 аг.
 ВЧЕРА
 Силекс – Струга Трим Лум 1-2 (0-2)
 Ристевски 83 – Ибраими 11, Малески 25
 Слободна е Брегалница
 
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 33 (15), Шкупи 28 (14), Шкендија 25 (15), Тиквеш 23 (15), Силекс 23 (15), Брегалница 20 (14), Работнички 18 (15),Македонија ЃП 17 (14), А. Пандев 12 (15), Победа 11 (14), Скопје 9 (14).
 
ИДНО КОЛО (4 ДЕКЕМВРИ): Македонија ЃП – Шкендија, Победа – Скопје, Шкупи – Брегалница, Струга ТЛ – А. Пандев, Тиквеш – Силекс. Слободен е Работнички.
 
 
 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе