Агентот има други планови

Новиот договор за Леао со три пати повисока плата е подготвен, но Мендеш мати вода

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан го подготвил новиот договор за Рафаел Леао со годишна плата од 4,5 милиони евра, играчот сака да продолжи со „росонерите" но неговиот агент Жорж Мендеш преферира трансфер.

Откако Милан премина во рацете на „Редбрд“ една од првите работи на агендата е задржување на Рафаел Леао.

Газета дело Спорт пренесува дека е подговен договор со три пати повисока плата, односно 4,5 милиони евра по сезона. Рафаел Леао сака да ја продолжи верноста со „росонерите“ но неговиот агент мати вода.

Жорж Мендеш има неколку богати понуди и преферира напаѓачот да се пресели во клуб кој располага со поголем буџет. 

Но Милан верува дека во брзо време ќе го обезбеди потписот на Рафаел Леао и ќе стави крај на сите шпекулации.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе