Напаѓачот може да направи трансфер во 2024

Нови детали за откупната клаузула на Халанд, приоритет му се дава на еден клуб

Во емисијата „Ел Чирингито" беа споделени нови детали за откупната клаузула на Ерлинг Халанд која се активира во 2024, приоритет му се дава на Реал Мадрид кој ќе може да го ангажира Норвежанецот по бенефицирани услови.

Ерлинг Халанд е топ тема изминативе денови откако напаѓачот прикажа уште една импресивна партија и постиггна хет-трик против Манчестер јунајтед. Норвежанецот веќе има 14 погодока на 8 натпревари во Премиерлигата и доколку продолжи со вакво темпо, ќе сруши еден куп рекорди.

Но иако тој пред само неколку месеци пристигна во Манчестер Сити, веќе се шпекулира за неговата иднина и се зборува за трансфер во 2024, кога во неговиот договор ќе се активира откупна клаузула.

„Информациите кои ги имам велат дека има откупна клаузула во договорот на Ерлинг Халанд која се активира во втората година, и интересно е тоа што за еден клуб има бенефицирани услови во споредба со другите... тој клуб е Реал Мадрид“ – објаснува Фернандо Санц, синот на поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санц.

Водителот на емисијата, Жозеп Педрерол додаде: „Халанд инсистирал да биде ставена клаузула која му овозможува да замине по две години и приоритет му дава на Реал Мадрид. „Кралевите“ ќе треба само да ја платат потребната сума и да го ангажира Ерлинг Халанд без да разговараат со Манчестер Сити“.

Тие сепак не открија колкава е сумата потребна за активирање на клаузулата. Низ медиумите изминатиов период кружеа најразлично суми, од 150 милиони евра, па се до 200 милиони евра.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе