Напаѓачот повторно е во фокусот

Нова контроверзија, Роналдо одбил да тренира со резервите!

Според пишувањата на Марка, Кристијано Роналдо денеска одбил да одработи тренинг со фудбалерите кои синоќа беа резерви на мечот со Швајцарија, ЦР7 решил да работи со играчите кои беа стартери.

Фернандо Сантош синоќа повлече храбар потег, на клупа го седна Кристијано Роналдо и во старниот состав го вметна Гонсало Рамош, кој претходно одигра едвај десетина минути на мундијалот во Катар.

Но младиот напаѓач на најдобар начин ја искористи укажаната шанса и постигна хет-трик, а Португалија со 6-1 ја прегази Швајцарија.

На Кристијано Роналдо не му беше сеедно, неговиот израз на лицето на клупата доволно говореше. Фернандо Сантош по крајот на натпреварот рече дека нема никави проблеми, но Марка пишува за нова контроверзија.

Селекторот на Португалија денеска закажал два тренинзи, еден на терен за оние кои беа резерви вчера, и еден во теретана за оние кои беа стартери. Кристијано Роналдо требал да тренира со првите, но во репрезентацијата биле изненадени кога ЦР7 не истрчал на теренот и решил да работи со играчите кои од првата минута го започнаа дуелот против Швајцарија. 

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе