Премиерлига

Нов тренер, иста слика, Манчестер јунајтед со пораз ја почна новата сезона (ВИДЕО)

Големо разочарување за фановите на Манчестер јунајтед на стартот од новата сезона, црвените ѓаволи загубија на свој терен од Брајтон со 2-1. 

Ерик тен Хаг имаше неславно деби на клупата на Манчестер јунајтед во Премиерлигата, новиот стратег првпат се соочи со официјален предизвик во англискиот фудбал и виде дека ќе има многу работа.
 
Тој одлучи мечот да не го почне со Кристијано Роналдо, Португалецот беше на клупата за резерви.
 
Манчестер јунајтед имаше катастрофално прво полувреме во кое Брајтон со два гола на Грос обезбеди предност од 2-0.
 
Конечно во 53. минута Кристијано Роналдо влезе во игра и ја живна играта на Манчестер јунајтед, се зголеми притисокот кон голот на Брајтон, а тоа резултираше со автогол на Мекалистер за 1-2.
 
До крајот на мечот Манчестер јунајтед со сите сили се обидуваше да избегне пораз но не успеа, Брајтон си оди со три бода од Олд Трафорд.
 
Во вториот натпревар од 15 часот, Лестер и Брентфорд одиграа нерешено 2-2. Домаќините водеа со 2-0 со голови на Кастањ и Дујзбери-Хол, гостите израмнија со погодоци на Тони и Дасилва.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе