Џенова одново ќе има тешка сезона, по девет кола се наоѓа на претпоследното место на табелата со само пет освоени бода. Денеска во дербито на дното беа послаби од Парма со 2-1.
Џервињо погоди на почетокот од првиот и вториот дел и донесе водство од 2-0 за Парма, Шомуродов во 50. минута реализираше за 2-1.
Џенова имаше доволно време да избегне пороаз, Пандев во игра влезе во 69. минута, но ниту тој не успеа да ги спаси.