Конференциска лига квалификации

Нов пораз на Шкупи, групната фаза во Европа остана само сон (ВИДЕО)

Шкупи со уште еден пораз од Балкани го заврши настапот во Европа, овојпат македонскиот шампион загуби со 1-0 и со вкупни 3-1 се прости од европските натпреварувања. 

Шкупи ова лето имаше три шанси да се пласира во групната фаза од европските натпреварувања, прво беше дуелот со Динамо Загреб, па со Шамрок Роверс и на крајот со Балкани. Чаирчани ги пропуштија шансите, па остварувањето на сонот ќе се обидат да го направат следната сезона.
 
Работата тргна лошо за Шкупи уште на самиот почеток, во втората минута Џелил Абдула заработи црвен картон, па македонскиот тим цел меч го играше со фудбалер помалку.
 
Албион Рахмани ќе излезеше сам пред голот на Шкупи, Абдула го фаулираше како последен играч во одбраната и заработи црвен картон.
 
 
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 69. минута, Кореница погоди за водство и победа на Балкани од 1-0.
 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе