Премиерлига

Нов кикс на Манчестер јунајтед, пораз од Лестер (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 4-2 загуби на гостувањето кај Лестер и падна од топ четири на табелата, Манчестер Сити со 2-0 славеше над Барнли. 

Лестер и Манчестер јунајтед одиграа возбудлив натпревар со шест гола кои го добија домаќините, нов неуспех на тимот на Оле Гунар Солшер.
 
Манчестер јунајтед поведе во 19. минута со прекрасен гол на Гринвуд, но во 31. минута возврати Тилеманс исто така со супер гол за 1-1.
 
Тој резултат беше актуелен до 78. минута кога Сојунчу реализираше за пресврт и водство на Лестер од 2-1.
 
Во 82. минута Рашфорд изедначи на 2-2, но во следниот напад Лестер преку Варди го врати водството, овој пат од 3-2.
 
Точка на мечот стави Дака кој постигна гол во судиското продолжение од мечот.

Манчестер Сити со голови на Бернардо Силва и Кевин де Брујне го победи Барнли со 2-0.
 
Фантастичен финиш имаше мечот меѓу Астон Вила и Вулвс кој го добија гостите со 3-2.
 
Астон Вила со голови на Ингс и Мекгин имаше водство од 2-0 до 80. минута кога Саис намали на 2-1, Коади во 86. минута израмни на 2-2, а Невес во 95 погоди за комплетен пресврт и победа на Вулвс од 3-2.
 
Саутемптон со гол на Броха го победи Лидс со 1-0, немаше голови на дуелот меѓу Норич и Брајтон.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе