Премиерлига

Ноќ за заборав, Арсенал за прв пат по 1979 загуби дома од Вулвс и го забележа најлошиот старт во историјата (ВИДЕО)

Арсенал вечерва испиша неколку негативни рекорди откако на домашен терен загуби од Вулверхемптон, гостите конечно се радуваат на победа против „топчиите" во Лондон по 1979 година.

Пред една година, Микел Артета беше именуван за нов тренер на Арсенал, Шпанецот навести дека може да го врати клубот на победнички патеки откако донесе триумф во ФА Купот, но оваа сезона не оди според планот.

Вечерва, „топчиите“ загубија дома од Вулверхемптон со 1-2 и влегоа во серија од три порази.

Нето во 27. минуга ги донесе гостите во предност од 0-1, Арсенал се врати во 30. минута и преку Габриел изедначи на 1-1 но една нерешителност во одбраната придонесе Поденес во финишот од првиот дел да реализира за 1-2.

Мрежите мируваа во вториот дел па Вулвс конечно се радува на лигашка победа против Арсенал во Лондон по 1979 година.

Поразот исто така значеше дека Арсенал по десет натпревари ќе остане на 13 бода, најмалку во исторјата на клубот во ерата на Премиерлигата. Претходно најлош старт беше освоени 14 бода во 1992 и 1995 година.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе