Англиските медиуми посочуваат кој ќе биде следен тренер

Њукасл му врачи отказ на Стив Брус

Њукасл денеска го соопшти отказот на Стив Брус кој беше само прашање на време, англиските медиуми шпекулираат дека Пауло Фонсека ќе биде нов тренер. 

На Стив Брус му се закануваше ионака отказ поради лошите резултати, но се знаеше дека новите сопственици ќе ја забрзаат таа процедура.
 
13 дена откако дојдоа тие, тој добива отказ. Мечот против Тотнем му беше 1.000 во кариерата. Тој најави и дека тоа изгледа ќе биде последен меч во неговата кариера.
 
„Њукал може да потврди дека Стив Брус ја напушти позицијата тренер со заемна согласност“, стои во соопштението на клубот.
 
Според англиските медиуми, Њукасл на Стив Брус ќе му исплати обесштетување од 8 милиони фунти.
 
За привремен тренер е назначен Грем Џонс. Клубот најави дека е во процедура потрага по нов тренер и тој наскоро би требало да биде соопштен.
 
„Скај Спортс“ тврди дека нов тренер на Њукал ќе биде Паоло Фонсека.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе