Њукасл има потреба од играч од средниот ред, а Енис Барди е една од желбите за таа позиција.
Барди е еден од клучните играчи на Леванте, но се верува дека за понуда повисока од 20 милиони евра тие би го продале поради полошата финансиска ситуација создадена од пандемијата на ковид-19.
Њукасл ќе сака да го донесе Барди прво на позајмица, но шпанскиот клуб ќе прифати такво нешто само со обврска целосно да биде откупен.
Барди се врати на тренинзите на Леванте, тој се уште се опоравува од повредата на грбот, но се очекува наскоро да се врати во игра.