Челси се раздели со својата легенда

Ниту личното пријателство со Абрамович не го спаси Лампард од отказ: Mораме да направиме промена

Челси попладнево се раздели со Френк Лампард, сопственикот Роман Абрамович вели дека одлуката била тешка но морале да направат промена.

Заврши авантурата на Френк Лампард на кормилото на „сините“. Изминатово лето беа потрошени преку 200 милиони фунти на засилувања, но резултатите не беа на потребното ниво па управата на Челси реши да повлече потег.

„Челси денеска се раздели со тренерот Френк Лампард“ – гласеше дел од соопштението.

Сопственикот Роман Абрамович, кој е добар пријател со легендата на клубот, вели дека одлуката била тешка но морале да направат промена.

„Ова е многу тешка одлука, имам одличен личен однос со Френк и неизмерна почит кон него“ – вели милијардерот од Русија.

„Се работи за човек со огромен интегритет и висока работна етика. Сепак, со оглед на моменталните околности, веруваме дека најдобро е да направиме промена“.

„Во име не сите во Челси, сакам да му се заблагодарам на Френк за досегашната работа како тренер и да му посакам успех во иднина. Тој е голема икона на овој клуб и неговиот статус ќе остане недопрен. Секогаш ќе биде топло пречекан на Стемфорд Бриџ“.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе