- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 60НОВИ / 24h
- 1 од 10
- следно ›
- Контакт
Лига на шампиони
Неверојатен меч со шест гола на Камп Ноу, Барса се спасуваше од пораз против Интер (ВИДЕО)

Малку фалеше Интер да приреди комплетен шок на Камп Ноу и уште вечерва да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, но и ремито е резултат кој им одговара.
Барселона поведе со гол на Дембеле на пет минути пред крајот на првото полувреме, но по пет минути игра во вториот дел Барела постигна погодок за израмнување на 1-1. Голем кикс на Пике.
Во 63. минута се случи комплетен пресврт кога Лаутаро Мартинез постигна гол, топката удри во двете стативи и заврши зад голот на Тер Штеген.
Во 82. минута Де Вриј лошо интервенираше, Левандовски го искористи киксот и донесе израмнување.
Барса одеше кон трет гол, но тој падна во нивната мрежа. По една контра во 89. минута Лаутаро Мартинез додаде до Госенс кој постигна погодок за водство на Интер од 3-2.
Но, тоа не беше се, во 92. минута Левандовски погоди со глава за израмнување на 3-3. Негов втор гол на натпреварот.
Интер имаше уште една неверојатна шанса да дојде до победа, Аслани беше сам пред Тер Штеген, можеше и да додаде, биеше и промаши.
Ова реми за Барселона се чини дека само ја одложи нивната елиминација од Лигата на шампионите, доколку Интер во следното коло ја победи Викторија Плзен ќе го завери пласманот во нокаут фазата.
Таму веќе е Баерн Минхен кој со 4-2 славеше на гостувањето кај Викторија Плзен.
Баварците сите четири гола ги дадоа во првото полувреме, Горецка постигна два погодоци, по еден дадоа Мане и Милер.
Во вториот дел Влканова и Климент дадоа голови за Викторија Плзен.
Фудбал
Објавено на
12 Октомври 2022 - 23:12