Манчестер јунајтед ќе треба длабоко да бркне во џебот

Нема попуст за пријатели: Ајакс бара 130 милиони фунти за двете трансфер цели на Тен Хаг

Според пишувањата на Телеграф, Ајакс бара околу 130 милиони фунти за Лисандро Мартинез и Антони да се преселат на Олд Трафорд.

Нови лоши вести за „ѓаволите“ кога е во прашање трансфер пазарот, Ајакс нема намера лесно да се откаже од Лисандро Мартинез и Антони.

Дефанзивецот и офанзивниот фудбалер се при врвот на листата со желби на новиот тренер Ерик тен Хаг, но Манчестер јунајтед ќе има потешкотии да ги договори.

Како што пренесува Телеграф, клубот од Амстердам бара околу 130 милиони фунти за да се раздели со Лисандро Мартинез и Антони.

„Ѓаволите“ мака мачат и во преговорите со Барселона за трансфер на Френки де Јонг, се верува дека двата клуба ги приближиле ставовите, но се уште има разлика во понудата и побарувачката.

Поради тоа што нема абер за квалитетни засилувања на Олд Трафорд, се шпекулира дека Кристијано Роналдо размислува за заминување и неговиот агент го понудил на неколку клубови ширум Европа.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе