Англиските медиуми извадија неколку кандидати за нов тренер на Челси, а како фаворит се посочува Грем Потер од Брајтон.
Наводно од Челси веќе стапиле во контакт со него, но сакаат да направат муабет со уште неколку имиња.
Пред се тоа се Маурисио Покетино и Зинедин Зидан кои се слободни тренери во моментов.
Се верува дека Покетино би бил расположен за враќање во Премиерлигата, но Зидан веројатно го чека селекторското место во Франција кое ќе се ослободи по завршувањето на Светското првенство.
Покрај овие тројца, се споменуваат и Марсело Биелса и Брендан Роџерс, но не се верува дека некој од нив би бил изборот.