Снимка што отвора многу полемики

Неколку дена пред операцијата, Марадона се забавува со чаша пиво и пура (ВИДЕО)

Медиумите од Аргентина објавија видео кое носи многу полемики, Диего Армандо Марадона се забавува со чаша пиво и пура на само неколку дена пред операцијата на главата.

Смртта на Диего Марадона и понатаму е топ тема во Аргентина. Популарниот „Ел Пиби“ на почетокот од ноември беше итно опериран поради хематом во мозокот, интервенцијата помина успешно но тој не го преживеа постопоеративниот период, на 25. ноември доживеа срцев удар. 

Обвинителството води истрага дали има медицинска небрежност и дали трагедијата можела да се избегне. Се истражуваат докторите и луѓето кои се грижеле за Диего Марадона со цел да се добие подобра слика што се случувало. 

И додека се чека исходот на истрагата, во емисијата „Конфронтадос“ беше објавија видео кое носи многу полемики. 

Диего Марадона се забавува со чаша пиво и пура на само неколку дена пред операцијата на главата. 

На масaта може да се види и шише апчиња, па презентерката Марина Калабро порача: „Овде јасно се гледа она за кое луѓето зборуваат“. Таа алудираше на гласините дека Диего Марадона мешал лекови со алкохол. 

Новинарот Карлос Монти пак додаде: „Ова е во период кога алкохолот му бил забранет“.

На видеото со Диего Марадона е Маријано Кастро, голем пријател и човек од доверба.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе