Треба да си бара нов клуб

Нејмар смета дека ПСЖ го понижил, ќе им покажел на Катарците дека погрешиле

Според пишувањата на Ел Паис, Нејмар смета дека е понижен од страна на ПСЖ, Бразилецот сака преселба во друг голем клуб и да им покаже на Катарците дека погрешиле со одлуката да го набркаат.

Нејмар нема иднина во Париз, се поголем број на извори пишуваат дека Бразилецот бил известен дека треба да го напушти ПСЖ ова лето, според пишувањата на Ел Паис, Килијан Мбапе има влијание врз оваа одлука, Французинот се пожалил од недисциплината на Бразилецот.

„Светците“ имале средба со таткото на Нејмар и му соопштиле дека треба да ја променат средината. Нејмар постариот го прифатил ставот на ПСЖ но под услов да им биде исплатено се што им следи според договорот од јуни 2022 до јуни 2027 (околу 200 милиони евра).

ПСЖ бара купец за Нејмар, но се чини дека ова е невозможно поради високите примања на Бразилецот и потребното обесштетување. Пореална опција е играчот да замине на позајмица, а шампионот на Франција да плаќа дел од платата.

Ел Паис додава дека Нејмар на блиските луѓе во ПСЖ им се доверил дека се чувствува пониежено, се надева дека ќе има шанса да игра за голем клуб (сонува за враќање во Барса) и да им покаже на Катарците дека погрешиле.

Бразилецот на целата ситуација гледа како на предизвик и на пријателите им кажал дека целта е да се освои „Златната топка“ во друг клуб како мала одмазда кон ПСЖ.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе