Најскапото засилување на Ливерпул му удри глава на противникот и поцрвене

Не случајно Нуњез ги загуби нервите, еве како Андерсен го провоцираше напаѓачот цел натпревар (ВИДЕО)

Најскапото засилување во историјата на Ливерпул, Дарвин Нуњез ги загуби нервите на синоќешниот натпревар против Кристал Палас и со глава го удри Јоаким Андерсен.

Дарвин Нуњез вчера ги остави на цедило соиграчите откако заработи црвен картон, па Ливерпул со играч помалку требаше да брка гол негатива, и одигра само 1-1 против Кристал Палас.

Јирген Клоп по крајот на натпреварот рече дека напаѓачот бил постојано провоциран, но и дека ова не е оправдување за потегот на Дарвин Нуњез и му порача на Уругваецот дека вакво однесување не смее да се повтори.

На социјалните мрежи сега се појави видео од големиот број дуели помеѓу Нуњез и Андерсен од кои добро може да се види како дефанзивецот му влезе под кожа на напаѓачот и го натера да ги загуби нервите.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе