ПСЖ не се откажува од Французинот

Не се видело ваков договор во светот на фудбалот: Мбапе за две години во Париз може да заработи 200 милиони!

Според пишувањата на АС и Ла Паризиен, ПСЖ му нуди богатство на Килијан Мбапе за да не се пресели во Реал Мадрид, „светците" на маса ставиле бонус од фантастични 100 милиони евра, и годишна плата помеѓу 50 и 53 милиони евра.

ПСЖ не се откажува од намерата да го задржи Килијан Мбапе и покрај тоа што напаѓачот одби неколку понуди и се погласно се говори дека тој ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Според пишувањата на АС, ПСЖ на маса ставил неверојатни 100 милиони евра нето (200 милиони евра бруто) само како бонус за продолжување на верноста.

Што се однесува до годишната плата, таа ќе биде помеѓу 50 и 53 милиони евра, со што играчот ќе стане најплатениот фудбалер.

Килијан Мбапе исто така ќе добие опција по две години (во 2024) да одлучи дали ќе сака да замине и да активира откупна клаузула со која ќе може да се реализира трансфер.

Фудбалерот добива и ветување дека во 2024 година ќе има одврзани раце да настапи на Олимпијадата во Париз и да оствари еден од своите сонови.

Со слични информации излезе и Ле Паризен, францускиот весник вели дека ПСЖ на Килијан Мбапе му понудил двегодишен договор со плата од 50 милиони евра по сезона, плус бонус од 100 милиони евра, што би значело 200 милиони евра за уште две години на „Паркот на Принцовите“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе