Ново засилување за „милионерите“

Не поминаа ниту два часа, Борусија Дортмунд го соопшти наследникот на Халанд

Борусија Дортмунд не чекаше многу и го соопшти трансферот на талентираниот Карим Адејеми, медиумите шпекулираат дека се работи за зделка од 38 милиони евра плус бонуси.

Борусија Дортмунд и Манчестер Сити попладнево ја потврдија првата трансфер „бомба“ за ова лето, Ерлинг Халанд е ново засилување за „граѓаните“.

Не поминаа ниту два часа, а „милионерите“ веќе соопштија кој ќе биде наследникот на Норвежанецот.

Борусија Дортмунд го ангажираше Карим Адејеми од РБ Салцбург, медиумите пишуваат за зделка од 38 милиони евра плус бонуси.

Талентираниот напаѓач ќе се обврзе кон „црно-жолтите“ до 30. јуни 2027 и нема да добие откупна клаузула како што беше во случајот на Ерлинг Халанд.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе