Ново засилување за Чави

Не е се во парите: Челси нудеше повеќе но Барса го договори трансферот на Кунде

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона и Севиља начелно го договориле трансферот на Жил Кунде, дефанзивецот ќе се пресели на Камп Ноу во зделка вредна 50 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Жил Кунде е на чекор до потпис со Барселона, неколку извори од Шпанија пренесуваат дека начелно е постигнат договор за трансфер на дефанзивецот.

„Каталонците“ на Севиља ќе и платат 50 милиони евра фиксна сума, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Сега се пеглаат детали, се верува дека барем 5 милиони евра ќе бидат лесно остварливи бонуси.

Со вакви бројки, Барселона успеа да го добие Жил Кунде за помала сума од онаа која Челси се сложи да ја плати. „Сините“ имаа договор со Севиља за трансфер вреден околу 65 милиони евра (вклучувајќи ги и бонусите).

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе