Лига на нации

Навивачите на Шкендија ќе навиваат за Косово на мечот против Македонија!

Навивачката група на актуелниот македонски првак Шкендија, „Балистите“ решија да навиваат за Косово на значајниот дуел за пласман на Европското првенство. 

Македонија на 26 март игра против Косово во полуфиналето од Лигата на нации. Натпреварот се игра во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“.
 
Синоќа дојде информацијата дека македонските навивачки групи обединети ќе ја поддржат репрезентација на Македонија, а денеска стигна брз одговор и од Балистите.
 
Косовските медиуми пренесуваат дека „Балистите“ заедно со навивачите од Косово ќе навиваат за нивната репрезентација на мечот во Скопје.
 
За разлика од навивачите на Шкендија, фановите на Шкупи, Шверцери изјави дека тие нема да навиваат за Косово, бидејќи од репрезентативниот фудбал ја поддржуваат само Албанија.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе