На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување затоа што приврзаниците на ДУИ се на неколку метри пред штабот на коалицијата Вреди.
Пред штабот во Мала Речица членовите и симпатизерите на ДУИ слават со зурли и тапани. Кандидатот на ДУИ Бујар Османи е во водство пред кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари.