Наполи

Наполи нема да го продаде Елмас

Италијанските медиуми пишуваат дека Торино имал конкретна понуда за Елмас, но газдата на Наполи, Де Лаурентис одбил и порачал дека македонскиот фудбалер не е на продажба. 

Торино испратил барање до Наполи за достапноста на Елиф Елмас, сакале да почнат преговори, па парашале за цената. Но од наполитанскиот тим добиле одговор дека не планираат да го продадат македонскиот фудбалер.
 
Се појавија гласини дека Милан нуди 35 милиони евра, но „Ил Матино“ пишува дека истиот одговор важи и за росонерите.
 
Очекувањата се дека Елмас треба да биде важен дел од составот на Лучано Спалети за следната сезона.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе