Лучано Спалети првпат го победи Жозе Мурињо, Наполи заслужено ги однесе трите бода од Олимпико и ја врати предноста на врвот.
Дуелот не изобилуваше со шанси и на двете страни, Наполи беше поактивен и еден кикс на Смолинг го реши дуелот.
Смолинг кој беше одличен дотогаш, прелесно го пушти Осимен да шутне во 81. минута и да даде гол за 1-0 на Наполи, што беше и конечен резултат.
Елмас во игра влезе во 57. минута и одигра на високо ниво. Имаше и една шанса, но неговиот шут го блокираше Смолинг.
По последниот судиски свиреж имаше гужва во која црвен картон доби Карсдроп.
По 11 одиграни кола Наполи е прв со 29 бода, три повеќе од Милан, Рома е на петтото место со седум бода помалку од врвот.