Сугерира дека УЕФА ќе покрене истрага

Најде кој да „плаче“, првиот човек на ПСЖ се пожали: Тоа што го прави Барса не е фер

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи сугерира дека УЕФА ќе ја истражи Барселона откако „каталонците" изминатово лето продаваа имот за да можат да донесат засилувања.

ПСЖ зад себе ја има државата Катар, парите никогаш не им биле проблем, за Нејмар платија рекордни 222 милиони евра, а за да го задржат Килијан Мбапе, му дадоа неверојатни 200 милиони евра.

И покрај тоа што често се критикувани за финансиски допинг, првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи реши да се пожали од начинот на кој Барселона ги финасираше трансферите на Рафиња, Роберт Левандовски и Жил Кунде.

„Каталонците“ продадоа дел од својот имот за да го намалат огромниот минус и да ги задоволат параметрите на Ла Лига.

„Дали тоа што го направи Барса е фер? Не, не е фер“ - вели Насер Ал Келаифи.

„Дали е легално? Не сум сигурен. Доколку им се дозволи да го прават тоа, сигурено и другите ќе повлечат ист чекор. УЕФА има сопствени регулативи, сигурно под лупа ќе стават се“.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе