ПО ИНЦИДЕНТОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ

На навивачот на Вардар ќе му биде извршена тешка операција за да му се спаси раката (ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА)

Десетина навивачи на Вардар се повредени, а еден од нив е однесен во болница во Скопје за да му биде извршена комплицирана хируршка интервенција за да му се спаси раката. Повредата настанала откако на трибината на стадионот на Пелистер во Битола била активирана полициска шок -бомба, пред крајот на фудбалското дерби Пелистер-Вардар.

Пред заминувањето на навивачката група Комити имало помала пресметка помеѓу гостинските навивачи и полицијата. При пресметката еден од навивачите на Вардар беше тешко повреден и остана со тешка повреда на раката и итно беше префрлен со амбулантното возило во битолската болница, јави ТВ Тера.

Десетина повредени навивачи се однесени на клиниката во Битола.

„Навистина ми е жал за она што се случи и што го видов со мои очи. Навивачот остана без рака и во овој момент ништо друго не е важно. Некој сака да дојде на натпревар со дете, со семејство, а се случуваат вакви изолирани инциденти. Штета, бидејќи атмосферата беше прекрасна, амбиентот извонреден. Победивме, но Вардар мора да игра подобро. На три бода во Битола не треба да му се бараат замерки. На почетокот на вториот дел имавме удар во пречката, две шанси и постигнавме гол. Верувам дека во иднина ќе играме уште подобро“, рече по натпреварот Александар Васовски, помошник тренер на Вардар.

Фото: Димитар Петковски

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе