четврток, 25 април 2024

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги повика Соединетите Американски Држави и Кина „одговорно“ да управуваат со своите разлики, на почетокот на својата втора посета на земјата за помалку од една година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме обврска кон нашиот народ – и навистина кон светот – одговорно да управуваме со односите меѓу нашите две земји“, рече Блинкен во Шангај.

Пристигнувајќи во Кина вчера, шефот на американската дипломатија го започна престојот со посета на Шангај, каде што се сретна со локалниот лидер на Кинеската комунистичка партија (ККП), велејќи во разговорите дека американскиот претседател Џо Бајден е посветен на воспоставување „ директен и одржлив“ дијалог меѓу двете земји.

„Мислам дека е важно да се нагласи вредноста – дури и неопходноста – од директен ангажман, меѓусебен разговор, откривање на нашите разлики, кои се реални и да работиме на нивно надминување“, рече Блинкен. Секретарот на Шангајскиот комитет Чен Џининг, од своја страна, инсистираше на важноста на американските компании во локалната економија.

„Без разлика дали ќе избереме соработка или конфликт, тоа влијае на благосостојбата на два народа, на две држави и иднината на човештвото“, посочи тој. Блинкен потоа се сретна со студентите на Универзитетот Њујорк во Шангај, каде што рече дека се надева дека повеќе Американци ќе студираат во Кина, додавајќи дека американските универзитети се подготвени да ги пречекаат кинеските студенти.

Од своја страна, Пекинг постојано ги осудува жестоките испрашувања на кои биле подложени негови граѓани, вклучително и студенти, по пристигнувањето на американска територија, и покрај тоа што поседувале валидни документи. „Претседателот Бајден и претседателот Си се решени да ги зајакнат нашите врски меѓу луѓето“, рече Блинкен.

Утре американскиот државен секретар го продолжува патувањето за Пекинг, каде ќе се сретне со кинеските лидери и ќе се заложи за воздржаност во врска со Тајван, каде што новиот претседател ќе биде инаугуриран на 20 мај.

Архипелагот ќе биде уште повеќе меѓу деликатните прашања кои веројатно ќе бидат покренати бидејќи американскиот Конгрес во вторник даде зелено светло за пакетот воена помош од 95 милијарди долари наменет за сојузниците на Вашингтон, кој вклучува и помош за Тајпеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ