Марадона почина на 25. ноември минатата година, а Наполи на повеќе начини му изрази почит на својот легендарен фудбалер. Тие го именуваат стадионот по него што е доказ дека тој им е најголема фудбалска икона.
Но и покрај тоа, неговата ќерка не добила дозвола да влезе на стадионот.
Таа пристигнала во Неапол да снима документарец за нејзиниот татко, но од градот не дозволуваат посети на стадионот овие денови.
„Ми изгледа неверојатно да не можам да влезам на стадионот кој е именуван по мојот татко“, изјави Далма Марадона за „Ла Република“.
Според информациите од Италија, таа би можела да добие зелено светло за влез на стадионот од 22. декември, но проблем е што има закажано лет за враќање во Аргентина пред тој датум.