Им дал зелено светло на фудбалерите да се опуштат

На Гвардиола не му пречи „Бунга бунга“ забавата со 22 девојки: Убаво е кога играчите се дружат и надвор од теренот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола нема ништо против забавата која ја организирале неговите играчи по триумфот над Астон Вила, вели дека тој им дал зелено светло да се опуштат.

Медиумите од „островото“ во средата објавија дека фудбалерите на Сити имале задоцнета божиќна забава, од Италија во Манчестер донеле 22 инстаграм модели и се опуштиле по победата од 1-6 над Астон Вила.

Па прашања за ваквите написи на медиумите беа неизбежни на денешната прес конференција на Пеп Гвардиола.

„Знаев за забавата. Кога имаат слободно време, одат заедно на вечера. Ми се допаѓа што се дружат и надвор од терените. Некогаш се собираат кај некого дома, некогаш одат во ресторан, како што беше случајот сега. Тоа е убаво“ – вели тренерот на Манчестер Сити.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе