СП 2022

На Бразил му требаше само едно полувреме да ја победи Јужна Кореја (ВИДЕО)

Бразил многу лесно, со 4-1 ја совлада Јужна Кореја и се пласираше во четвртфиналето од Светското првенство каде ќе игра против селекцијата на Хрватска. 

Бразил имаше фуриозно прво полувреме во кое ги постигна сите четири голови, а во вториот дел само рутински ја одработи задачата и дојде до лесен триумф.
 
Победата беше најавена уште во седмата минута кога Винисиус Жуинор постигна гол по асистенција од Нејмар.
 
 
Брзо потоа беше досуден пенал по фаул врз Ришарлисон. Нејмар шутираше прецизно од белата точка за водство од 2-0.
 
 
Во 29. минута по една одлична акција, Ришарлисон погоди за убедлива предност од 3-0, веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој меч.
 
 
Седум минути подоцна Пакета даде гол за големо водство од 4-0 за Бразил.
 
Во вториот дел беше многу поздодевно, Бразил ја тргна педалата од гас и не сакаше да го понижи противникот. 
 
 
Во 76. минута Паик Сеунг Хо постигна прекрасен гол од далечина за Јужна Кореја и ги постави конечните 4-1.
 
 
Бразил во четвртфиналето ќе игра против Хрватска која на пенали ја совлада Јапонија.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе