Лига Европа

На Арсенал му требаа четири минути да го сврти мечот во Виена и да победи (ВИДЕО)

Арсенал со пресврт успеа да дојде до триумф од 2-1- на гостувањето кај Рапид Виена, а Наполи на свој терен со 1-0 загуби од АЗ Алкмар. 

Арсенал ги освои трите планирани бодови благодарение на два гола постигнати за четири минути откако претходно губеа со 1-0.
 
Рапид Виена поведе по шест минути игра во вториот дел со погодок на Фоунтас, Давид Луиз во 70. минута изедначи на 1-1, а Обамејанг четири минути подоцна донесе победа од 2-1.
 
Изненадување се случи во Неапол, каде АЗ Алкмар триумфираше. Со погодок на Де Вит во 57. минута холандскиот клуб го победи Наполи.
 
Рома слично како и Арсенал славеше гостинска победа од 2-1, тие го совладаа тимот на Јанг Бојс. Домаќините поведоа по 15 минути игра во првиот дел, а Перес во 69. и Кумбула пет минути подоцна ја донесоа победата за волчицата.
 
Реал Сосиедад со гол на Џон во судиското продолжение дојде до победа на гостувањето кај Ријека.
 
Резултати на натпреварите од 18:55
 
Баер Леверкузен - Ница 6:2
ЦСКА Софија - Клуж 0:2
Дандалк - Молде 1:2
Хапоел Бер Шева - Славија Прага 3:1
Лех - Бенфика 2:4
Наполи - АЗ Алкмар 0:1
ПАОК - Гранада 1:2
Рапид Виена - Арсенал 1:2
Ријека - Реал Сосиедад 0:1
Стандард Лиеж - Ренџерс 0:2
Јанг Бојс - Рома 1:2

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе