Мурињо вели дека еден фудбалер ја предал Рома со својот непрофесионален однос и побарал од него да си замине во јануари.
Рома одигра 1-1 против Сасуоло на гости, волчицата поведе со гол на Абрахам, но на пет минути до крајот Пинамонти им одзема два бода.
„Имавме добар перформанс, со позитивен, професионален и сериозен однос. Последните две кола беа тешки“, вели Мурињо.
„Тоа беше тим кој сакаше да победи денес против тежок противник, жалам што напорите на тимот беа предадени од однесувањето на еден непрофесионален играч. Не видовте така да зборувам за Роџер Ибањез против Лацио, бидејќи грешките се дел од играта, неговото однесување никогаш не било проблем“.
„Непрофесионално однесување кое не е фер кон своите соиграчи, тоа е тоа што ме разочара. Бод на гостински терен не е негативен резултат и генерално сум среќен со односот на составот“.
Мурињо беше запрашан за кој играч станува збор, но не откри.
„Нема да ви кажам. Имав 16 играчи на теренот вечерва и ми се допадна односот на 15 од нив. На тој еден му кажав дека денеска имаше таков однос, не секогаш. Сега сакаме да го затвориме овој период со три бода во следното коло“.
„Него му кажав дека во јануари треба да си бара нов клуб, но се сомневам дека ќе го направи тоа“.
Италијанските медиуми шпекулираат дека станува збор за Рик Карсдoрп.